Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

GOOGLE ЈА СЛАВИ JUNKO TABEI, ПРВАТА ЖЕНА КОЈА ГО ОСВОИ МОНТ ЕВЕРЕСТ

На денешен ден, пред 80 години во Михару, Фукушима , е родена Jунко Табеи, првата жена што го освои највисокиот врв на светот – Монт Еверест, во 1975 година. Табеи започна да планинари на 10-годишна возраст, иако се сметаше за слабо дете. Во 1969 година, таа формираше женски планинарски клуб, откако беше третирана лошо од машките планинари, од кои некои одбиваа да се качуваат со неа. Таа се искачи на врвот на највисоката планина во светот кога имаше 35 години, како дел од петнаесетчлената, исклучиво женска експедиција, финансирана од јапонските весници и јапонската телевизија. Во 1970-тите, во Јапонија сè уште се сметаше дека жените треба да седат во куќата, а мажите да одат на работа“, рече Табеи, која, додека се искачуваше на Монт Еверест, дома ја чекаа нејзината тригодишна ќерка и сопругот планинари. Вториот рекорд, Јунко го направи во 1992 година, кога стана првата жена што ги освои седумте највисоки врвови на сите седум континенти. Подоцна, таа се вклучи во кампањата за подобра еколошка заштита на планините. Јунко Табеи умре на 20 октомври 2016 година на 77 годишна возраст
Read 350 times