Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

И ГОДИНАВА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ „ОТВОРЕНАТА ЗАБАВНА ФУДБАЛСКА ШКОЛА“

Спортско-забавната манифестација „Open Fun Football Schools 2019“ ќе се оддржи во Гевгелија на 14 и 15 септември на градскиот стадион На неа ќе можат да учествуваат деца на возраст од 6 до 11 години. Манифестацијата е под покровителство на Општина Гевгелија, а во соработка со отворените канцеларии на Open Fun Football Schools во Македонија. Open Fun Football Schools е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Данска. За пријавување за учество во фудбалската школа, заинтересираните може да се пријават на самиот стадион во времето од 17 до 19 часот или на мобилен телефон 070 343 818. Целта на овие школи е правилно развивање и подигање на спортскиот и натпреварувачки дух кај младата популација.
Read 239 times