Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ЛЕГЕНДИТЕ НА РАКОМЕТНИОТ КЛУБ „МЛАДОСТ“ ПОВТОРНО ВО БОГДАНЦИ

Вчера, спортската сала во Богданци беше претесна да ги прими сите љубители на ракометот, а атмосферата наликуваше на времето од пред две децении, кога ракометарите на Младост ги постигнуваа своите најголеми успеси. По повеќе од 20 години откако заминаа од југот на Македонија, деновиве во Богданци одново можеа да се видат познатите ракометни ликови од златната ера на клубот., Виктор Горбах, Сергеј Турченко, Касим Каменица Зоран Мартиновиќ и Славиша Стојковиќ Гостин на турнирот организиран во чест на на починатите Гоце Петрушев и Томе Лисичков, дуото што го водеше Младост во златната ера беше и македонската репрезентација - ветерани, предводена од Пепи Манасков која одигра ревијален натпревар со Младост Богданци. Некогашните клупски ѕвезди, се собраа и заедно со сегашните играчи на „Младост им оддадоа почит и покажаа дека се уште се дел од „Младост“ Богданци. Натпревар одиграа и пионерските екипи на Младост и Партизан, па така целиот настан имаше и турнирска нота. Според резултатите постигнати во Европа, екипата на „Младост“ е четврта екипа на сите времиња во Република Македонија. Најголем успех тие постигнаа во сезоната 1996/1997 со пласманот во четвртфиналето на Купот на победниците на куповите. Од „Младост“ излегоа и повеќе македонски ракометни репрезентативци како Митко Стоилов и Никола Роглев, кои и денес го водат овој тим, како и Караиванов, Арнаудов, Паунков, Узунчев, Лисичков, Банцалиски....
Read 390 times