Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

МИРАВЧАНЕЦОТ ТИХОМИР КОСТАДИНОВ СО УСПЕХ НАСТАПУВА ВО СЛОВАЧКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија за играчи под 21 година и тогашен капитен, Тихомир Костадинов, успешно, веќе трета сезона го презентира македонскиот фудбал во словачкото првенство. Тихомир е роден 1996 година во Валандово. Фудбалската кариера ја започна во Кожуф-Миравци, а во сезоната 2014/2015 играше една полусезона за српската екипа Моравац,по што потпиша за екипата на Тетекс од Тетово. Во сезоната 2015/2016 заминува за Словачка каде настапува за Дукла Бањска Бистрица. Веќе во наредната сезона 2016/2017 преминува во екипата на Злате Моравце, екипа од долниот дел на табелата, за да по една сезона направи трансфер во екипата на Ружомберок, екипа со долга традиција која е формирана во далечната 1906 година и последните неколку години игра и во Европските лиги. За оваа екипа настапува веќе трета година, а претходната сезона 2018/2019 во дресот на Ружомберок постигна шест голови. Првиот од тие шест голови, тој го постигна во првиот напад на мечот меѓу неговиот клуб Ружомберок против Сеница. Тоа е еден од најбрзите голови во историјата на словачкото првенство, минаа само неколку секунди од стартот на мечот и беше дело на нашиот младински репрезентативец. За младата фудбалска репрезентација на Македонија Тихомир Костадинов има одиграно 11 натпревари, а беше дел и од селекцијата која учествуваше на Европското првенство во Полска.
Read 143 times Last modified on Wednesday, 28 August 2019 12:29