Тел: +389076437227 
13 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

РАКОМЕТЕН МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БОГДАНЦИ

Следната сабота, на 31 август, во Богданци, во салата „Млаз“ ќе се одржи меѓународен меморијален турнир во чест на поранешните предводници на Младост кои прерано починаа – Гоце Петрушев и Томе Лисичков. Гости на РК „Младост“ во Богданци ќе бидат Ракометната репрезентација на ветерани на Македонија, Партизан Гевгелија, и ветераните на Младост кои некогаш го носеа дресот на овој тим – Сергеј Турченко, Виктор Горбах, Славиша Стојковиќ, Зоран Мартиновиќ и многу други, а би требало да допатува и некогашниот стратег Касим Каменица, Ветераните на Младост ќе играат против ветераните на Македонија, кои беа во акција и на Струшкиот турнир. Целиот настан ќе се одржи во еден ден, на 31 август со почеток во 18:00 часот. За повозрасните љубители на ракометот, овој настан ќе биде можност да се потсетат на златните времиња на Младост Богданци, тимот што секогаш им ги расипуваше сметките на Вардар, Пелистер и во поново време Металург.
Read 220 times