Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ФК „КОЖУФ“ ВО КУПОТ СО „РЕНОВА“ А ВО ПРВОТО КОЛО НА ВТОРАТА ЛИГА –ИСТОК СО ТИКВЕШ

Одредени се двојките за 1.коло во Втората лига – Исток, во сезоната 2019/2020. Екипата на „Кожуф“ како домаќин, на 24 август, ќе го игра дербито на колото со еден од фаворитите за првото место, екипата на „Тиквеш“ од Кавадарци. Три дена порано, во рамките на 1/16 финалето на македонскиот фудбалски куп, исто на Градскиот стадион во Гевгелија, „Кожуф“ ќе игра со екипата на „Ренова“ Интересно е што се игра само еден меч во Купот и доколку по 90 минути нема победник веднаш се изведуваат пенали. Еве убава шанса, со добра игра, фудбалерите на „Кожуф“ да се пласираат во 1/8 финалето. Инаку, Фк „Кожуф“ ги започна одамна подготовките и веќе одигра неколку средби. На ФК Кожуф за претстојната сезона му пристапија искусните Џонов и Тодоров кои доаѓаат од струмичка Беласица.Џоко Џонов игра по левата странична позиција и во последната линија, додека Тодоров е играч за врска. Како што велат од управата, клубот во нив двајца добива огромно засилување , а со тоа продолжува и со враќањето на играчите кои потекнуваат од гевгелиско-валандовскиот. Во моментов се преговара со уште двајца играчи, а од стручниот штаб се надеваат дека преговорите ќе завршат со успех
Read 517 times