Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ТОДОР АНЧЕВ НА „ТРКИТЕ НА ПЛАЖА 2019“

Во големото финале,во трката на 10 километри, која се одржа вчера во Охрид во рамките на годинешната серија на трки „BEACH RUN 2019“, маратонецот Тодор Анчев го освои петтото место и со новите освоени бодови, во генералниот пласман го освои одличното трето место. Со тоа тој освои бронзен медал, пехар и ваучер од 2.500 денари. Тодор, кој е член на Атлетскиот клуб Струмица, во разговор за нашата телевизија ни кажа дека искрено очекувал да биде меѓу првите тројца во серијата трки на плажа оваа година, затоа што, вели тој, вредно и редовно тренирал, а имало на секоја трка над 200 учесници, што за него претставувало мотив повеќе да постигне добар резултат. Сите пет трки од овогодишната серија, на 5, 10 и 21 километар биле напорни, што поради топлото време, што поради силната конкуренција, а според него најтешко му било на првата трка во Скопје, крај Вардар поради екстремно топлото време. Инаку, лично нему повеќе му одговараат трките на подолги дистанци, каде што смета дека може да даде најмногу. Интересно е да напоменеме дека Тодор случајно станал маратонец, откако во Скопје не можел да најде фудбалски клуб каде би тренирал, па затоа кога видел дека во Скопје се организира полумаратаонска трка, решил да се пријави, тренирал заедно со својот цимер, кој е фудбалер, и така љубовта кон трчањето била родена. За во иднина, Тодор планира да учествува на Љубљанскиот полумаратон, кој се трча во месец октомври, кој е еден од најсилните на овие простори и на кој учество ќе земат околу 30.000 тркачи од целиот свет. На крајот, Тодор Анчев им се заблагодари најпрво на неговиот тренер Ване Стојанов, за кој смета дека е најзаслужен за овој резултат на „BEACH RUN 2019“, како и на сите кои до сега му давале поддршка во трките на кои учествувал.
Read 331 times