Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

КОШАРКАРСКИТЕ ЈУНИОРИ ВЕЧЕР ПРОТИВ ИЗРАЕЛ ЗА ФИНАЛЕ НА ЕВРОПСКО

Македонската кошаркарска јуниорска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, Б дивизија за играчи до 18 години. Избраниците на Тони Симиќ ја совладаа Естонија со 92:75. Клучна во шестата победа во низа за нашите млади кошаркари беше играта во воведната четвртина во која постигнаа 30 поени а противникот само шест. Вечерва ќе играат со Израел за влез во финалето и пласман во А-дивизијата. Победа против Израел ни гарантира прогрес во А- двизијата, нашите јуниори на овој континентален собир досега импресионираа со играта, покажаа дека имаме убава кошаркарска иднина. Јуниорите на ова првенство немаат пораз и со право веруваме во пласман во финалето. Дуелот за пласман во финалето со Израел се игра од 19-45 часот, доколку загубиме ќе играме за третото место кое исто така носи пласман во елитната дивизија во оваа возрасна конкуренција.
Read 75 times