Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

„ТЕХНО ПАВЕР“ ОД ВЕЛЕС НАЈДОБРИ НА „КМФ МИРАВЦИ 2019“

Екипата на „Техно павер“ од Велес е победник на првиот турнир во класичен мал фудбал „КМФ Миравци - 2019“. Тие во финалето беа подобри од екипата на Клими мк со 3-1, и со тоа ја освоија наградата од 100.000 денари. Во „малото“ финале, во борбата за третото место „Црна река“ беше поуспешна од „Тотал Тв“ со 6-2. финале„. За најдобри поединци на „КМФ Миравци - 2019“ се прогласени, најдобар голман: Мирко Соколов (Клими мк), најдобар голгетер (стрелец): Мартин Мехмединовиќ (Црна Река) додека за најдобар играч признанието отиде кај Драган Петровиќ (Техно Павер - Велес) „КМФ- Миравци“ е кратенка од класичен мал фудбал во Миравци или продолжеток на традицијата на турнирот ТИ-ХО, кој секое лето се одржуваше во ова населено место. Во ново руво, нови и млади организатори коишто оваа 2019 година за прв пат го организираа „КМФ МИРАВЦИ 2019“ и покажаа дека традицијата за организирање на фудбалски турнири во Миравци продолжува и натаму, на радост на љубителите од ова место и пошироката околина.
Read 280 times