Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ВЕЧЕРВА ЗАВРШУВА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО МИРАВЦИ

Вечерва во Миравци завршува турнирот во класичен мал фудбал „Миравци 2019“. Еден месец, спортско Миравци и љубителите на малиот фудбал уживаа во беспоштедните борби на 24 екипи кои се бореа да стигнат до финалето, кое е на програмата денес, сабота, 27 јули. Најнапред, во малото финале, со почеток од 22 часот, ќе се сретнат екипите на Црна Река и Тотал ТВ, а еден час подоцна од 23 часот започнува големото финале, натпреварот помеѓу екипите на КлимиМк и Техно Павер. Наградниот фонд е 200.000 денари, победникот ќе добие 100.000 денари, второпласираниот 60.000, третопласираниот добива 30.000 денари а четвртопласираниот 10.000. Честа да го отворат турнирот во класичен мал фудбал во организација на КМФ-Миравци ја имаа екипите на Парис -Миравци и Живинарска фарма Стокол –Гевгелија, а првиoт гол го постигна Кристијан Зумровски од екипата на Парис -Миравци.
Read 140 times