Тел: +389076437227 
13 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ОВАА НЕДЕЛА ТОДОР АНЧЕВ НА ПОЛУМАРАТОН ВО МАВРОВО

По "петките" во Скопје, Дојран и Претор, овој викенд, во недела на 28 јули не очекува четвртата по ред трка од серијата „BEACHRUN 2019“, полумаратонот на 21 километар во Маврово. Пред натпреварувачите, меѓу кои е и нашиот маратонец, Тодор Анчев, е единствениот летен и планински полумаратон покрај МавровскотоЕзеро, Beach Run Mavrovo Half Marathon 2019, како главна трка и трката на 5 км за оние кои нема да се решат за полумаратонскиот предизвик. Како што ни изјави Тодор, пред тргнувањето за Маврово, тој е подготвен и за овој предизвик. Се очекува, на полумаратонот да земат учество над сто учесници што претставува најава за одлично дружење и натпревар во недела, но и голема битка за освојување на бодови во генералниот пласман. Тодор очекува тешка трка, топло време, но, вели тој, имам тактика да го следам најбрзиот од почеток до крај, па ќе видиме како ќе се одвиваат настаните. Табелата во генералниот пласман е неизвесна и заплеткана, Тодор во моментот е на петтото место и, се чини се ќе се реши на овие последни две тркиј, на полумаратонот во Маврово и на "десетката" во Охрид. Инаку, ова е досега најмасовното и највозбудливото издание на #beachrun, во кое учествуваат некои од најдобрите македонски атлетичари, напредни рекреативци и многу вљубеници во трчањето. Рекордите за бројот на учесници се срушени и во Дојран и во Претор, а и за целата серија трки, по само трите одржани натпревари..Бројката пријавени за трките во Охрид е уште поголема. Масовноста на #јатрчамеМакедонија докажува дека има навистина многу луѓе кои го сакаат трчањето покрај плажа. Меѓу нив секако е и Тодор Анчев на кого му посакуваме што подобар резултат во недела.
Read 323 times