Тел: +389076437227 
13 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ГОРАН ГЛАВЧЕВ ЗАМИНА ОД „БЛОКОТЕХНА“ ВО „РАБОТНИЧКИ“

Најтрофејниот кошаркарки колектив во Македонија го договори првото засилување за новата сезона. Станува збор за Горан Главчев. Љубителите на кошарката од нашата земја добро знаат дека се работи за извонреден играч кој игра на бековската позиција. Главчев во најголем дел од кариерата настапуваше за „Кожуф“, а по формирањето на „Блокотехна“ две и пол години беше капитен на овој успешен кошаркарски проект од Гевгелија. Минатата сезона со Блокотехна ја освои БИБЛ-лигата. За каков играч се работи покажува фактот што Главчев е е еден од само четворицата кошаркари кои во домашното првенство оствариле трипл-дабл ефект.
Read 401 times