Тел: +389076437227 
13 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ТРЕТА ВО ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ НА ШАР ПЛАНИНА

Богданчанката Валентина Узунова од тимот на ПХ Македонија Момент го освои третото место во планинско трчање во женска конкуренција на второто издание на предизвикот на Шар Планина, Sharra Challenge 2019. Овој натпревар се одржа вчера, сабота, 20 јули со трки во трчање и велосипедизам од Тетово до Попова Шапка. На програмата беа застапени трките во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам. За најдобрите беше обезбеден паричен награден фонд од 60.000 денари. Патеката за трчање беше во должина од 10 километри и од Тетово минуваше покрај селата Гајре и Лисец до целта на Попова Шапка. Валентина, со време од 2 часа, 35 минути и 45 секунди,на крајот беше трета зад Весна и Биљана Кираџиеви од скопскиот клуб Ендуранс. На сите три патеки се совлада висинска разлика од околу 1200 метри. Настанот го организираше здружението „Прв до врв" во соработка со Општина Тетово и со поддршка на деловната и општествената заедница.
Read 461 times