Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ТОДОР АНЧЕВ ЌЕ ТРЧА НА „BEACH RUN 2019“ ВО ПРЕТОР

Гевгелискиот маратонец Тодор Анчев, заедно со уште четворица гевгеличани ќе стартува на „Beach Run Prespa 2019“, трета од петте трки покрај вода, а во организација на здружението „Прв до врв“. Трката ќе се одржи на плажата Галакси бич во Претор, во недела, на 21 јули. Стартот на трката е во 11 часот а се трча на патеката кон местото викано Сливница и назад, во должина од 5 километри. Пред оваа трка, Тодор со 26 поени го дели второто место во генералниот пласман. Во разговорот пред неговото заминување во Претор, за Телевизија 12, Тодор ни кажа дека ќе даде се од себе да биде меѓу првите тројца на крајот од трката, но се ќе зависи, рече тој, од конкуренцијата и од тоа во какви услови ќе се трча, бидејќи стартот е во 11 часот. Ова ќе биде последна трка на 5 километри, по што до крајот на серијата „ „BEACH RUN 2019“ ќе останат уште две трки. Претпоследната е на 28 јули во Маврово, а последната е на 3 август во Охрид. Beach Run е серија на трки која се одржува на 5 локации покрај вода во Македонија (Скопје, Преспа, Дојран, Маврово и Охрид) од 7 јули до 4 август 2019 година, од кои три на 5км, една на 10 км и еден полумаратон. Серијата трки на плажа се во организација на здружението „Прв до врв“ во рамки на платформата „Ја трчаме Македонија“ и во нив може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка. Настанот има за цел да го популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период, кога луѓето се обично на одмор и на плажа.
Read 207 times