Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ТОШЕ АНЧЕВ ЧЕТВРТ НА ТРКАТА ВО ДОЈРАН, ВТОР ВО ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН

Гевгелискиот маратонец Тодор Анчев стигна четврт на втората по ред трка покрај вода „Beach run 2019“, која вчера се одржа во Дојран. Тој, патеката од 5 километри покрај Дојранското езеро, ја истрча за 33 секунди побргу одошто тоа го направи на првата трка, која се одржа предминатиот викенд во Скопје. Така, со освоените нови 14 поени, Тодор сега, после две одржани трки, со 26 поени го дели второто место во генералниот пласман.„Иако времето не беше баш идеално, поради ветерот, сепак сум презадоволен од пласманот, затоа што во Дојран имаше повеќе натпреварувачи одошто во Скопје.“, ни изјави после трката Тоше. Освен Тоше, на трката во Дојран се појавија уште 11 тркачи од Гевгелија. Летната серија трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019“, продолжува наредниот викенд, на 21 јули во Претор, кога ќе се трча последната трка на 5 километри. Серијата завршува со трките на 28 јули во Маврово на 21 километар и на 3 август во Охрид на 10 километри, кога ќе се дознаат и најдобрите во поединечна и екипна конкуренција. Серијата трки на плажа се во организација на здружението „Прв до врв“ во рамки на платформата „Ја трчаме Македонија“ и во нив може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка. Настанот има за цел да го популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период, кога луѓето се обично на одмор и на плажа.
Read 374 times