Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

СИМОНА ХАЛЕП, МАКЕДОНСКА ВЛАИНКА ОД БИТОЛСКО МАЛОВИШТА

Вимблдонската шампионка во тенис Симона Халеп од Романија е Влаинка со потекло од Македонија, чии предци емигрирале од битолското село Маловишта. „Власите во Романија се најмоќните жители со потекло од Македонија. Силни се и почитувани од целата наша заедница. Не затоа што се богати, туку затоа што ги почитуваат и ги задржале традициите на македонските Власи и никогаш не отстапиле од нив. Маловиште е едно од најживописните села во Битолско, неодамна прогласено за рурална споменична целина. Од архитектурата се добива чувство како да сте во мало гратче. Куќите на катови, збирни, со амфитеатрален распоред и тесни улички со калдрма. 27-годишната Халеп, која вчера ја освои својата прва титула на Вимблдон откако за помалку од еден час ја победи Серена Вилијамс во финалето, е истакната членка на влашката заедница во Романија која брои околу 200.000 жители. Власите од Македонија и Грција масовно почнале да се селат во Романија во дваетите години од минатиот век. Романија тогаш имала силен економски развој. Преселувањето продолжило и по Втората светска војна во периодот 1946-1948. Градот Констанца на брегот на Црно Море од каде што е Халеп, е еден од најголемите влашки центри во земјата. Во Романија Власите се викаат Македонски Аромани. „Тие се најмоќните жители со потекло од Македонија. Силни се и почитувани од целата наша заедница. Не затоа што се богати, туку затоа што ги почитуваат и ги задржале традициите на македонските Власи и никогаш не отстапиле од нив. Влашкото ми е најсилното“, кажа тениската шампионка Халеп во едно интервју за романскиот спортски портал СПОРТС.РО. Според нејзин пријател што го цитира порталот, влашките врски на Халеп се толку силни, што таа ќе ја следи семејната традиција и ќе се омажи за Влав, а не за Романец или за некого од друг дел на светот.
Read 147 times