СПОРТИСТИТЕ НА „МОБИЛНОСТ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА СЕ ВРАЌААТ СО ЧЕТИРИ МЕДАЛИ

WEB Телевизија во живо

ОД СПОРТСКИТЕ ИГРИ НА ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ
На 35. Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет на Македонија кои се одржаа од 15-ти до 18-ти јуни 2023 во Охрид и Струга во организација на Мобилност Македонија во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Македонија, спортистите од Мобилност Гевгелија се враќаат со 4 медали.
 
Златниот медал го освои Никола Пеев од Стојаково во категоријата атлетски повеќебој мажи класа 36-38,42-44 а бронзата во истата категорија ја освои Александар Талески од Дојран. Благица Ѓоргиевска од Валандово се закити со два медали, во меѓународен натпревар категоријата атлетски повеќебој жени класа 54-57 освои трето место а сребрен медал, второ место во истата дисциплина на државно ниво.
 
Другите спортисти учесници од Мобилност Гевгелија со своите резултати освоија директен пласман за следните игри.
Оваа година на Републичките спортски игри учествуваа 110 спортисти во атлетика, пинг понг и стрелаштво, а освен од Македонија настапија и 15 учесници од Црна Гора, Србија и Хрватска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *