Тел: +389076437227 
11 Dec, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ДЕЦАТА НА ДЕНЕШНИЦАТА - НАШИТЕ ЧУВАРИ НА ИДНИНАТА

Денес е Светскиот ден на децата или Меѓународниот ден на децата, 20 ноември. На овој ден се промовира интеракција и разбирање меѓу децата и благосостојбата на децата во светот., и се привлекува вниманието на јавноста кон обврските на општеството кон децата, како и на тековните проблеми со кои се соочуваат децата. Правата на децата се утврдени во Конвенцијата за правата на детето, ратификувана од 193 земји, а основните принципи се правото на живот, опстанок и развој, најдобри интереси на детето, право на учество и право на недискриминација. Темата на Светскиот ден на децата за 2019 година е: „Децата на денешницата, нашите чувари на иднината“. По повод Денот на детето, денес, во ООУ „Крсте Мисирков“ требаше да се реализира првиот Отворен ден по Граѓанско образование, на кој учениците од ова училиште преку драматизација, презентација, ликовна изложба и дебата на тема „Булинг помеѓу учениците“ требаше да го одбележат овој ден. Меѓутоа, поради оправдани причини, овој ден ќе се одржи наредниот вторник, на 26 ноември, со почеток од 10 часот.
Read 237 times