Тел: +389076437227 
11 Dec, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ДА ЕДУЦИРАМЕ ИЛИ ДА КАЗНУВАМЕ. НАЈДОБРО ЗА НАС Е И ДВЕТЕ !!!

Животната средина ни треба за живот, и како што се грижиме во домот да ни биде чисто и уредно, така треба да се однесуваме и надвор од дома. Само така ќе придонесеме Гевгелија да ја направиме еколошки чиста и зелена, европска Гевгелија. Но што да правиме со оние наши сограѓани, кои се сосема еколошки неодговорни и не водат грижа каде го фрлаат ѓубрето, кои не водат сметка дека со некои свои постапки директно придонесуваат за загадување на животната средина. Јас би рекол, да, на граѓаните им треба еколошка едукација, но инспекторите треба и да казнуваат. Треба да има и едукација, и подигање на еколошката свест, но треба да има и казнување. Еден дел од популацијата во Македонија, па вклучително и во Гевгелија не реагира на ништо, освен на казни. Како да го објасниме поинаку однесувањето на овој наш сограѓанин, кој во исто време кога учениците ја чистеа улицата „Илинденска“, ја создаде оваа застрашувачка глетка, предизвикувајќи висок столб од чад со кој директно атакува на нашите бели дробови. Се почесто се прашувам дали имаме еколошка свест, или пак само сме свесни за тоа кога ќе чуеме на ТВ или пак ќе прочитаме што се и правиме на нашава планета. Совеста треба да еволуира. Замислете си во една Америка, еден ден да не се пишуваат казни, ќе настане хаос. Некои наши сограѓани велат дека едукацијата е лек, и продолжуваат со изреката „можеш да го извадиш човек од село, ама селото од него нема никогаш да го извадиш“. Така да не е се во казните. Други пак тврдат дека, за жал само казните се лек. Значи кога ке отидеш у странство онака македонски распашан, ке ти збиберат казна за било што, и ти кврц, еколошки се будиш. Само казните ја будат елколошката свест. Со новчаникот итекако те разбудуваат. Така се буди културата во тебе
Read 290 times