Тел: +389076437227 
11 Dec, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

РАЗБУДИ ЈА СВЕСТА И КАЖИ СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА

Денес е Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Светски ден, посветен на милионите лица кој изминатите години трагично го загубија животот на патиштата ширум светот, соопшти РСБСП. Секој загубен човечки живот носи тага, болка, празнина и тежина на душата за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице. Загубените животи во сообраќајни незгоди носат дополнителна болка, дополнителна тага и тежина затоа што загубите и повредите во сообраќајот се ненадејни, насилни, трауматски, трагични настани. Годишно, 1.3 милиони луѓе, од сите страни на светот, го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени Годишно во светот, околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди, односно 1.100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди. Во Македонија, во просек, околу 150-160 лица годишно го губат животот во сообраќајни незгоди, односно по едно лице на секои 2-3 дена. Околу 6.200 лица, секоја година се повредени во сообраќајни незгоди! Во 2018 година, 133 лица го загубија животот на улиците и патиштата во Македонија, а 5860 лица се сериозно повредени. Затоа РСБСП со апел: ВРЕМЕ Е! РАЗБУДИ ЈА СВЕСТА И КАЖИ СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА! Стоп за возачите кои без размислување притискаат на педалата за зголемување на брзината! Стоп за возачите кои возат пијани! Стоп за не користењето на безбедносните појаси! Стоп за возачите кои возат технички неисправни и небезбедни возила! Стоп за мотоциклистите без заштитна кацига! Стоп за лошите патишта! Стоп за не одбележаните пешачки премини ! Стоп за небезбедените велосипедски патеки! Нула толеранција за неодговорно учество во сообраќајот затоа што последиците од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, тешки, трајни и ненадоместливи.
Read 215 times