Тел: +389076437227 
11 Dec, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

МУРАЛОТ „БАКНЕЖ“, ОСВЕЖУВАЊЕ ЗА ОЧИТЕ И ДУШАТА НА ГЕВГЕЛИЧАНИ

На фасадата на приватната зграда во центарот на Гевгелија од пред извесно време се појави муралот „Бакнеж“.Станува збор за композиција наречена „Бакнеж“ (Кiss), која беше селектирана од комисијата при Министерството за култура на Република Северна Македонија во склоп на манифестацијата „Топол културен бран“.„Муралот мотивира ‘бакнежи’ и ја потенцира важноста на образованието и културата посебно кај најмладите. Со овој мурал сакаме да потсетиме на важноста на т.н. ‘жива’ уметност надвор од галериските простори, направена за да облагородува, критикува и потсетува на улогата на уметноста во општеството„, велат, по завршувањето на муралот, авторите, гевгелискиот уметник Миле Ничевски и Милош Стојановиќ од „Партизанска штампа“ од Скопје Веќе пишувавме за ова, додека тој се изработуваше, а еве денес потсетуваме дека можеби не треба да се застане само на овој мурал, и ги охрабруваме и локалните власти и граѓаните, но и уметниците, што повеќе згради во нашиот град да се осликаат и со тоа да го разубават сивилото на фасадните површини. Радува податокот, дека од страна на фондацијата „Аполонија“ се најавува уште еден проект со кој долж шеталиштето, од железничката станица до центарот на градот, на повеќе згради ќе бидат изработени мурали, со што овој дел од Гевгелија би добил поинаков и поатрактивен изглед.
Read 270 times