Тел: +389076437227 
11 Dec, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ПОВРАТНА, ИЛИ КАРТА ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ ?

Над 9.000 граѓани се отселуваат секоја година од државата покажуваат истражувањата на организацијата за економија „OECD“ . Најмногу од нив заминуваат во европските земји, а помалку во Америка и Австралија, Во странство, во мoмeнетов има над половина милион иселени Македонци. Тоа е голем проблем, кој според стручњаците е тешко да биде спречен. Тие предлагаат да се размислува за правење реална стратегија , како да се анимираат тие иселеници и да се користат нивните капацитети кон државата, Главна причина за иселувањето е економскиот фактор, а 48% од младите се изјасниле дека се иселиле за подобар живот. Има интересна математика за тоа колку губи Македонија, односно колку изнесува секоја високообразована личност што ја напушта Македонија: „Со себе има два куфери. Во едниот куфер има 29 илјади евра, тоа се пари кои државата, тој самиот и неговите родители ги вложиле за тој да заврши факултет. Толку чини еден млад човек да заврши факултет во оваа држава. Во другата рака има куфер кој има 16 илјади евра. Тоа е негов потенцијален придонес кон БДП на годишно ниво, кога би останал во оваа држава, преку плаќање даноци, преку директна потрошувачка…. Секое лице кога ќе замине од државата ја чини државата над 40 илјади евра, од кои 29 илјади евра се пари кои државата, тој самиот и неговите родители ги вложиле за тој да заврши факултет и 16 илјади евра што е негов потенцијален придонес кон БДП на годишно ниво, кога би останал во оваа држава, преку плаќање даноци, преку директна потрошувачка….
Read 219 times