Тел: +389076437227 
11 Dec, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

КЛАВИРСКИ КОНЦЕРТ НА ЈАСМИНА ТРАЈЧЕСКА

Утре, четврток 14 ноември 2019, во малата сала на Народниот театар ќе биде одржан пијано концерт на Јасмина Трајческа. На програмата се две интересни дела, „Слики“ на Клод Дебиси и премиерно „Рапсодија во сино“ на Џорџ Гершвин. Организатор е ООМУ „Васо Карајанов“ во рамките на 20 години на манифестацијата Музички моменти. Јасмина Трајческа е родена 1980 г во Прилеп. Основно училиште завршува во Прилеп во класа на наст.Виолета Кочоска. Школувањето го продолжува во ДМБУЦ,,Илија Николовски-Луj “–Скопје. 2003 г. Дипломира на Одделот за пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде и ги завршува постдипломските студии во класа на проф.Валери Стефановски. 2003-2013г. Има многубројни високи награди во земјата и странство со нејзините ученици и активно учество на концерти и фестивали од педагошки карактер. 1998 - 2013г. Има богата концертна активност на разни Фестивали: Концерт на Макарско лето Р.Хрватска , Концерти на Летната академија во Пиран и Гросупље - Р.Словенија,Концерти во областа Charante martimes во Р.Франција,Фетивалот Мusica di laguna во Кјоџа – Р.Италија,Концерт во Cite des artes –Париз, многубројни концерти на семинари во Варна- Бугарија, Италија, Словенија, многубројни први и втори награди на натпреварите Ровере Доро, Вербаниа интра и Џенова во Р. Италија како и редовни настапи во градовите во Р.Македонија. Моментално работи како редовен професор по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј”- Скопје. Почетокот на концертот на Јасмина Трајческа е од 19,30 часот.
Read 290 times