Тел: +389076437227 
11 Dec, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

КИЛОГРАМ МАГАРЕШКО СИРЕЊЕ ЧИНИ ОД 35 ДО 1.000 ЕВРА

Во Македонија се потсмеваме со магарањата, а и со оние кои ги чуваат. Затоа нашите комшии во Србија со македонски магариња го прават најскапото сирење во светот..Сирењето се вика Пуле, што значи магарешко ждребе, а се прави од магарешко млеко,. Сирењето е комбинација од 60% магарешко и 40% козјо млеко. Ова сирење е скапо бидејќи за да се направи само еден килограм потребни се 25 литри млеко, за што на магарицата и треба 6 месеци да ги даде. Килограм од ,,Пуле,, чини 1.000 евра. Тврдото сирење кое се добива од млекото од магарица е деликатес и на пазарот постигнува цена и до 300 евра за килограм. Исто така, како деликатес се употребува и месото од млади магариња кое се зрее и се јаде живо. Ова месо се продава по многу висока цена, а особено е барано на пазарите во Европа. Во последните 20 години бројот на магариња, мазги и останати мелези е значително намален. Поради тоа, МЗШВ ќе преземе соодветни мерки за зачувување на домашното автохтоно магаре, бидејќи овој вид на копитари е во изумирање. Се предвидува од 2020 година да се доделуваат субвенции на оние кои ќе одгледуваат домашно автохтоно магаре кое спаѓа во загрозени видови.
Read 217 times