Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИП

Министерството за здравство најави дека вакцинацијата против грип ќе почне наредната недела, што е оптимално време за вакцинација, бидејќи во земјава пикот на активноста на вирусот се очекува кон крајот на јануари и почетокот на февруари. Министерството набави 28.000 вакцини за грип, со кои бесплатно ќе се вакцинираат бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од шест месеци до пет години, лица на возраст над 65 години и лица со хронични болести. Вакцинацијата ќе се закажува преку матичните лекари. Вакцината може да се прими во тек на целата сезона. Исто така, центрите за јавно здравје имаат набавено комерцијални вакцини против грип, кои се наменети за сите останати граѓани кои сакаат да се вакцинираат, стои во соопштението. Во текот на 44-та недела од 2019 година (од 28.10.2019 – 03.11.2019), во Република Северна Македонија пријавени се 29 нови случаи на заболувања слични на грип. Регистрираниот број е зголемен за 12 во споредба со бројот на заболени во минатата недела. Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во ЦЈЗ Куманово – 12 заболени лица. Највисока инциденца се бележи во ПЕ Дебар, а најниска во ЦЈЗ Прилеп.
Read 71 times