Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

КОНЦЕРТОТ НА ГРАДСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР „АНГЕЛ ШУРЕВ“ ОД ВЕЛЕС ГИ ВООДУШЕВИ ГЕВГЕЛИЧАНИ

Во рамки на одбележувањето на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, пред гевгелиските љубители на музичката уметност синоќа за прв пат настапи Градскиот гудачки камерен оркестар „Ангел Шурев од Велес. Пред гевгеличани, тие се претставија со интересна програма со која ги воодушевија гевгеличани кои ја исполнија големата сала на Народниот театар. Публиката имаше можност да ја проследи изведбата на Концертот за четири пијана и оркестар во А мол од Бах, кој овој квартет за прв пат се изведува во историјата на македонската музичка сцена. Покрај ова исклучително дело, публиката со аплауз реагираше и на другите изведби, а особено на двете песни од Стефан Гајдов, „Ајде слушај, слушај“ и „Момиче мало, ѓаволо“, со мецосопранот Веселинка Маџарова. Оркестарот беше составен од 16 членови – професори по пијано, кларинет, виолина и виолончело и талентирани студенти на Музичката академија, средношколци и основци, под диригентската палка на професорот по пијано Илија Настовски од ОМУ „Стефан Гајдов“, кој учел и диригирање кај познатите диригенти Јануш Пшибилски од Полска и Алгис Заборав од Литванија. Она што најмногу радуваше на синоќешниот концерт е големото присуство на помладата публика во салата на Народниот театар, што се надеваме ќе стане и пракса во иднина, а младите генерации, со вакви и слични концерти ќе се врати некогашната култура за слушање класична музика, која во минатато била популарна токму преку работата на вакви градски оркестри.
Read 119 times