Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ГОЛЕМ УСПЕХ НА БОГДАНСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ НА ДЕТСКИТЕ РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Убавиот пишан збор и ликовната уметност беа причината вчера во Велес на едно место да се соберат младите поети и ликовни уметници од повеќе градови од државата. По 52 пат се одржуваа Детските Рацинови средби, чии активности беа во рамките на официјалната програма за одбележување на 9 Ноември, Денот на Општина Велес. За време на свеченото отворање на 52- те Детски Рацинови средби во Градската библиотека „Гоце Делчев” во Велес на вљубениците и почитувачите на рациновиот лик и дело им беа доделени наградите од литературниот и ликовниот конкурс „Белите мугри во светлината на денот” што ги распиша Организацискиот одбор на Детските Рацинови средби. Право на учество со свои литературни дела и ликовни креации имаа сите ученици од сите основни и средни училишта од државата. Средношколците од Богданци постигнаа убав успех на 52-те Детски рацинови средби, На распишаниот литературен конкурс ГРАН ПРИ награда доби ученичката Софија Ичкова од втора година, чиј ментор е професорката Ивана Димовска, додека пофалница доби ученичката Магдалена Алексовска од прва година со менторот професорката Верица Ризовска. На конкурсот за ликовни творби трето место доби ученичката Габриела Костовска од прва година со менторот, професор Ѓорѓи Петровски. „52 години Детски Рацинови средби се поттик за исто толку генерации деца во името на Рацин, во неговиот Велес да творат, другаруваат и создаваат детска македонска поезија, како одраз на времето во кое живеат и опстојуваат” истакна Лила Арсова, претседателка на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“.
Read 256 times