Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

СЕ ОДРЖА ПРОТИВПОЖАРНИОТ КВИЗ „ЕДЕН ПОЖАР ПОМАЛKУ“

Општинскиот противпожарен сојуз денеска во Пионерскиот дом во Гевгелија организираше квиз под мотото ,,Еден пожар помалку“, на кој учествуваа екипи составени од ученици од сите основни училишта и гимназијата во општина Гевгелија. Целта на квизот, посочија од противпожарниот сојуз е да се едуцираат учесниците и младите за превентивните и заштитните мерки во случај на пожар и како да дејствуваат во тие моменти. Квиз натпреварот го отвори градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, кој беше и покровител на ова натпреварување во знаење за противпожарните вештини. Тој рече дека општината го подржа традиционалниот квиз од две причини, првата заради едукација на младите и нивна подготовка и втората заради нивна обука за справување со појавите кои ќе следуваат како последица на забрзаните глобални климатски промени. Во конкуренција на основните училишта, најдобар резултат остварија учениците од ООУ „Ристо Шуклев“, второто место им припадна на екипата на ООУ „Владо Кантарџиев“, додека третото место го освои екипата на ООУ „Крсте Мисирков“. Најдобро знаење од областа на превентивните и заштитните мерки во случај на пожари од СОУ „Јосиф Јосифовски“ покажа нивната втора екипа составена од учениците Ана Папалазова, Милчо Јовановски и Нела Николова.
Read 150 times Last modified on Wednesday, 06 November 2019 12:42