Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

УЗУНОВА ПРОДОЛЖУВА ДА „НИЖЕ“ ПОБЕДИ

Маратонката Валентина Узунова победи во својата возрасна категорија на планинската трка „ GratcheTrail Run 2019“ во Кочани. Таа патеката од 13 километри, со висинска разлика од 660 метри ја истрча за 1 час и 13 минути. Над 150 натпреварувачи учествуваа на третиот натпревар во планинско трчање „Gratche Trail Run 2019“, што изминатиот викенд се одржа на падините на Осоговските Планини, а чиј организатор беше Друштвото за спортови во планина МТБ „Исток“ од Кочани. Учесниците трчаа низ прекрасните предели на браната Гратче, селата Горно и Долно Гратче, како и водопадите на Голема Река. Трката има за цел да ги промовира убавините на браната Гратче и Осоговијата, како и да придонесе за развој на планинското трчање и спортот воопшто, односно да биде поттик за младите генерации да се занимаваат со спорт. Љубителите на природата и на планинското трчање, не само од Кочани, туку и од Штип, Виница, Велес, Гевгелија, Скопје и другите градови се придружија на трката што во наредниот период се планира да се прошири, односно да се зголеми должината на патеката и таа да добие меѓународен карактер.
Read 121 times