Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

НАРОДНИ БЛАГОСЛОВИ : ВЕРАТА И ПРАЗНОВЕРИЕТО ВО ГЕВГЕЛИСКО

Народот во Гевгелиската каза како и во околните места , Дојран, Ениџе-Вардар, Воден, Гуменџе, Струмица итн. многу е побожен. Се што ќе го снајде – добро или зло тој верува дека од Госпут. Болест, смрт, војна, дожд, суша, вода, поплава, апсолутно се е поврзано за Госпут. –„Е уд Госпуд е. – Ајде море! Госпут знаје што праве. Тија са Госпудинови работи. Може така да трабуве, не знајме нија! Госпуд знаје!“ Кога седнуваат да ручаат и да вечераат го споменуваат Бога. А исто така и по ручекот и вечерата се прекрстуваат и велат: „Госпуди, и на тија што имат и на тија што немат ’ного да дајиш!“ Ако е работен ден крстејќи се вака зборуваат: „Госпуд да даде касмет и бирикет, што работме Госпут да пувеле ајарлија да биде!“ Ако е празник или благ ден кога вечераат или ручаат пак го споменуваат Бога со зборовите: „Ка е арно Госпуд нека даде. Да нас чуве уд лоши работи. Да на живеје и уд година ду воја ден. Сус радуст па да гу прачекме!“ Ако се тажни и жалосни, ако тие денови ги снашла некаква несреќа, тогаш за ручек или кога пијат ракија пак се молат и препорачуваат на Бога со зборовите: „И на воја работа Госпуд да даде на арно да биде!“ Ако тие денови некоја работа им е среќно завршена пак му се обраќаат на Бога и го молат и натаму така да ги чува и да ги моли: „Госпуд до века така да на милуве!“ Ако благословува некој друг тогаш тоја вака вели: „Госпуд ду века да ва милуве! И куту вас ка ва зарадува, така и сите братја да и зарадуве!“ Ако некој лош човек го снајде некоја несреќа, и западне во беда и зло, тогаш луѓето во тоа наоѓаат олеснување и велат: „Госпуд забаве, ама не забаруве.“ – „Који што праве, Госпуд му врнуве“. Кога некој се жени и на свадбата се споменува Бог, и го молат да се оженат и другите стасани за тој чин, па велат: „Госпуд да даде ваја чаша сите да и најде“. Наутро кога стануваат се крстат и го споменуваат Бога и велат: „Госпуди Боже и Свита Трујцо, никој касмет да пувелиш, да ни уделиш, дечка да си ранум, виргија да си плашкјум, уф село да не са срамивум, душмајне да не сретум ни уф п’т ни дома… Госпуди и Сфити Ристосе и Свита Бугуројцо и Свита Варваро… здраве и памет на сите братја да дајте, и најнаназад и нас да не на забравите Кога започнуваат некоја работа се крстат и велат: „Госпуди, пуможи!“ Кога почнуваат да сеат го молат Бога да ги поживи, да дочекаат род и нов плод и велат: „Госпуди и Свити Јуване дајте ни касмет и берикет и уд година сус здраве да дучекаме жетва и ниов леб.“ Меѓутоа кога жените се молат на Бога тие се наведнуваат и со рака ја допираат земјата. Тие обично не знаат убаво да накажуваат туку зборуваат едноставно: „Госпуди Боже, Свита Бугуројцо Свита Трујцо, Свита Нидељо, да ни си на помуш, да ни даиш здраве и касмет!“ Спроти петок и недела и секој друг празник жените го палат кандилото пред домашната икона, ја кадат куќата со темјан, месат литургија итн. додека мажите дури за Велигден или Божик ќе се сетат на тоа, ако тоа се остави на нив. Според книгата „Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази“ од Стефан Танов(иќ), Београд 1927 г.
Read 134 times