Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

СО ПЕСНА И МУЗИКА ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ ДЕНОВИ СЕ ПОЛЕСНИ

Здружението на неготинските пензионери ја организираше музичката манифестацијата „Пензионерите пеат 2019“. На оваа интересна манифестација настапија девет пеачки и играорни групи од исто толку здруженија на пензионери од девет градови, Гевгелија, Богданци, Валандово, Демир Капија, Неготино, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола Целта на манифестацијата е дружба меѓу пензионерите, ширење на нови пријателства , негување на народниот мелос. На задоволство на публиката се слушнаа многу познати македонски бисери, исполнети од групите на највозрасната популација. Дружењето е тоа што најмногу им недостига на пензионерите. А лекот е музиката и песната, велат од музичката група на гевгелиските пензионери, кои на оваа манифестација настапија со , „Гевгелија, цветна градина“, во чест на неодамна починатиот Александар Попов, кој е автор на оваа обнародена песна за Гевгелија и гевгелиската староградска песна „Бог да бие Тино мори.“ Ова е можност да излеземе од дома, да заборавиме на домашните обврски, за стекнеме нови пријателства, да покажеме што знаеме., велат повеќето од пензионерите, учесници на манифестацијата во Неготино.
Read 117 times