Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ДОДЕКА ЖИВЕЕМЕ, НАШИТЕ ПОЧИНАТИ НАЈБЛИСКИ ЖИВЕАТ ВО НАШИТЕ СРЦА.

Денес е тажен ден, ден кога се сеќаваме на оние што заминале на пат од кој нема враќање, ден на кој се сеќаваме на оние кои ни ги исполнувале срцата, не радувале, можеби и лутеле но во љубовта се е дозволено… Православните верници денес одбележуваат Задушница, Ден кој се посветува на споменот на покојните роднини и пријатели и молитва за простување на гревовите. По утринскиот парастос во црквата, обичаите налагаат посета на гробовите на најблиските, каде се палат свеќи, се чита молитва и се принесува варена пченица, вино и леб. Да се сетиме денес на нив и да им запалиме свеќа за мир и спокој, ним таму каде што се а нам во душата и срцето… „Додека живееме, нашите сакани живеат со нас, во нашите срца.Никогаш не сме ги изгубиле, само ги чуваме на сигурно место,на место каде живее Љубовта, на место каде живееме Ние . Денешната уште се нарекува Митровденска Задушница, затоа што секогаш се одбележува во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде што преминала и во повеќето православни цркви.
Read 97 times