Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА МУЗИЧКИОТ ПЕДАГОГ ЃОРГИ УЛИШЕВ

Наградата за животно дело на Сојузот на музичките и балетски педагози ја доби Ѓорги Улишев, основач на музичкото училиште во Гевгелија и врвен музички педагог. Ѓорги Улишев е роден во Гевгелија, 1952 година. Средно музичко училиште завршува во Битола, а Факултетот за музичка уметност во Скопје. По дипломирањето покренува изницијатива за отворање на музичко училиште во својот роден крај Гевгелија, кое се отвора на 1 ноември 1978 година и го добива името „Васо Карајанов“, во чест на гевгелискиот првоборец, загинат во борбата против фашизмот. Самиот Ѓорге станува директор на училиштето, а освен тоа предава и солфеж и теорија, а истовремено ги раководи и училишниот хор и оркестар. Во 1984 година Ѓорги ја оснива Општинската конференција на Музичката младина во Гевгелија, која по нејзиното статутарно згаснување во 1999 година, се преименува во здружение Музички моменти. Ова здружение, со поддршка на фондацијата „Аполонија“ и градоначалниците на Гевгелија, ќе ја продолжи својата мисија за збогатување на музичкиот живот во Гевгелија, при што во нашиот град ќе гостуваат голем број од најквалитетните уметници од земјата и од странство. Во 2000 година Ѓорги Улишев е избран за претседател на Сојузот на музички и балетски педагози на Република Македонија, на која функција е до ден денес. Како резултат на неговиот неуморен ангажман во Сојузот, Државниот натпревар станува член на Европската унија за Државни меѓународни натпревари ( ЕМСY). Во 2002 година Љубица и Ѓорги Улишеви се меѓу основачите на Меѓународниот натпревар „Охридски бисер „, кој секоја година се одржува во Охрид, а овој натпревар, заради високите професионални квалитети на програмата и големиот број учесници, во 2005 година станува исто така член на ЕМСY. Ѓорги, заедно со својата животна и музичка сопатничка Љубица Улишеви се доказ на љубовта кон музиката и на нивната неисцрпна енергија, која произлегува од нивната врвна професионалност и почит кон сите љубители на музичката уметност. Добивањето на оваа награда, на денот кога е формирано и ООМУ „Васо Карајанов“, за животно дело на Ѓорѓи Улишев е уште една потврда за неговата врвна педагошка работа во изминатите 4 децении.
Read 183 times Last modified on Saturday, 02 November 2019 08:27