Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ДОНЕСЕН УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН ЗА ЦЕНТАРОТ НА ГЕВГЕЛИЈА

По повеќегодишна постапка, Советот на општина Гевгелија на вчерашната седница го донесе ДУП-от на централното градско подрачје, урбанистички документ кој долго го очекуваа, подеднакво и општината и граѓаните. Усвојувањето на Деталниот урбанистички план за центарот на градот уследи по добиената согласност од страна на Министерството за транзпорт и врски. Станува збор за документ со кој се деблокира урбанистичкиот развој на централното градско попдрачје и неговото урбано уредување. Со донесувањето на планот се создаваат услови за урбано уредување на центарот на градот, а во тие рамки и за уредување на стариот градски пазар во урбан градски сквер. Истовремено, се овозможува реализација на проектите на бројните заинтересирани граѓани и правни субјекти за реконструкција на своите деловни објекти или изградба на нови. На тој начин ќе се обезбедат доволно средства од комуналниот надомест за комунално уредување на станбените населби Караорман и Мрзенски рид, каде што од порано на граѓаните им се издадени одобренија за изградба на индивидуални куќи и наплатени комуналии, а истите не се обезбедени. Со донесувањето на планот се создаваат сите предуслови за реализација на овој проект, за што наскоро ќе биде распишан тендер за изработка на основен проект и за негова реализација.
Read 376 times