Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗАТ САМО ПО ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА

Во собрание ќе треба да се расправа и одлучи за употребата на најновиот тренд во сообраќајниот превоз а еве што е она што се предлага од МВР во однос на електричните тротинети. Тротинет ќе смеете да возите само по велосипедска лента, но доколку нема таква тогаш ќе возите на тротоар или пешачка патека. Возење на коловоз не е дозволен бидејќи ќе бидете казнети со 120 евра. Оние што ќе управуваат соелектричните тротинети ќе треба да носат задолжително кацига и флуоресцентно елече, и ќе смеат да ги возат само по десна страна. Електричен тротинет ќе смеат да управуваат лица не помали од 14 години . Казната за управување на тротинет за дете под 14 години е 50 евра за родителот. Во однос на брзината со која се управува електричен тротинет надлежните предвидуваат максимална дозволена од 25 км/ч на велосипедска патека додека на другите патеки дозволено ќе биде најмногу 6 км/ч. Ако сакате да управувате со тротинет ќе мора на истиот да имате бело светло на предната, и црвено на задната страна а за неносење на рефлектирачки елек подгответе се за казна од 50 евра.
Read 128 times