Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ФОЛКЛОРЕН ЃЕРДАН 2019

Од денес, петок, 1 ноември започнуваат чествувањата по повод општинскиот празник, ослободувањето на Гевгелија, 7 Ноември. Во Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи традиционалната манифестација, која е всушност ревија на ансамбли кои го негуваат богатството на македонскиот фолклор. Пред гевгелиската публика ќе настапат ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија, КУД„Браќа Толеви“ од Прдејци, КУД„Дримкол“ од Вевчани, како и ФБ„Блажевски“, фолклорното студио „Етнос“ и АКУД„Мирче Ацев“, сите од Скопје. Фолклорниот ѓердан 2019, како и досега го организира Пионерскиот дом во Гевгелија, а започнува во 19.30 часот.
Read 123 times