Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ПОДМЛАДОКОТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ОД ГЕВГЕЛИЈА ВО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод Неделата на борба против гладта организираше кампања под мотото „Помислете и на нас“. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст на РСМ дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните, како една од главните цели на стратегијата, документ кој ја отсликува интенцијата на Република Северна Македонија за изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството. Во рамките на кампањата, во Гевгелија, подмладокот на Црвениот крст организираше хуманитарна акција за обезбедување донации во парични средства, со дистрибуција на вредносни бонови во пооединечна вредност од 20 денари во две општински училишта. Имено, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ беа дистрибуирани 400 бонови, додека во ООУ „Ристо Шуклев“ тој број изнесуваше 100 бонови. Собраните средства во износ од 10.000 денари се наменети за обезбедување на пакети со храна за помош на ранливи целни групи на население во општина Гевгелија
Read 61 times