Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ДОГОВОРЕНА СОРАБОТКА НА МЛАДИТЕ ПЛАНИНАРИ ОД ГЕВГЕЛИЈА И НЕГОТИНО

Изминатиот викенд на покана од СПАОК Антигонеа Неготино, Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија учествуваше на нивната клубска акција за искачување на врвот Голубец, висок 1680 метри. На оваа акција ЗПСК „Кожуф“ учествуваше со 36 члена екипа од кои 20 беа ученици од основните школи од Гевгелија и Миравци, а поголем дел од овие ученици веќе се и членови на клубот. На акцијата учествуваа планинарите домаќини од Неготино, планинарите од Гевгелија како и гости планинари од повеќе планинарски клубови од Македонија. Исто така, врвот Голубец го искачуваа и планинари од Србија, Босна и Херцеговина и Словенија. Акцијата започна од Детското одморалиште Михајлово кое се наоѓа во пазувите на Кожуф планина од кавадаречка страна и е сместено на височина од 1200м.н.в. Од таму планинарите се упатија по живописна и убава патека до некогашната караула Голубец која сега е пренаменета во Планинарски дом во сопственост на П.К. Зелен Брег од Кавадарци. Врвот Голубец како и тој дел од Кожуф планина има многу историски спомен одбележја поврзани со Првата светска војна и Македонскиот народен фронт. Откако беше искачен врвот планинарите се вратија назад по истата патека до Михајлово каде беа доделени благодарници за сите Планинарски клубови учесници како и за најстар и најмлад учесник на оваа акција. Не изостана и неизбежното планинарско гравче. СПАОК Антигонеа Неготино исто како и ЗПСК КОЖУФ Гевгелија работи со млади од училиштата во Неготино со цел омасовување на планинарството, па така претседателите на двата клуба Каркалашев Ристо и Гичовски Александар договорија заедничка соработка. Така, на 10ти ноември, планинарите од Неготино ке учествуват на 6-от патронат на Планинарскиот дом Томе Шутов - Кротки каде ке се искачува врвот Двете Уши, висок 1766 метр,. а организатор на овој патронат е ЗПСК КОЖУФ Гевгелија. Предвидено е, исто така, во скора иднина, да се организира и заедничка акција на двата клуба за младите од Гевгелија и Неготино, а околу тоа ќе помогне Кристијан Атанасовски , членот на ЗПСК „Кожуф“ кој е регионален координатор при Младинската комисија на ФПСМ (Федерација за Планинарство на Република Македонија) и го опфаќа југоисточниот регион односно Беласичко - Огражденски планински регион кој ги опфаќа планините Кожуф, Беласица, Огражден, Серта (Конечка планина, Градечка планина и Плауш), Кара Балија. Во овој регион спаѓаат општините Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш и Конче.
Read 48 times