Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ВО ОПШТИНАТА СЕ ВОДИ РЕГИСТЕР НА ОДГЛЕДУВАЧИ НА ЖИВИНА И СТОКА

„Општина Гевгелија има регистер во кои се запишани сите економски оператори со живина и стока од општина Гевгелија, како од поголемите така и од помалите„. Ова го изјави градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, одговарајќи на прашањето на новинарите дали се води евиденција на оператори со живина и стока а кои би можеле да бидат евентуални загадувачи на воздухот. „ Има два типа на дозволи за овие економски оператори, А и Б дозвола. Б дозволата ја издава општината, и за тоа се води евиденција, а за поголемите економски капацитети А дозволата ја издава Министерството за животна средина . Издадените А дозволи од министерството, општината по автоматизам ги добива, така да имаме во секој момент сознанија колкав е бројот на економските оператори со живина и стока во општината. Според големината и обемот на работа, најголем оператор во општината е „Ветеринар“. По последните сознанија, со воведувањето на новите капацитети и со изградба на кланицата, оваа фирма според обемот на третирана стока ја надминува рамката на Б дозвола, која ја има издадено општината, и таа веќе преминува во А дозвола, за која дозвола е задолжено Министерството за животна средина. Тоа е добро заради проблемот што настана со непријатниот мирис. Јас не сакам да прејудицирам ништо, но сега сите оние економски оператори со живина и стока за кои се сомневавме дека се можни предизвикувачи на непријатната миризба, потпаѓаат под А интегрирана еколошка дозвола, тие автоматски потпаѓаат под мониторинг на Министерството за животна средина. Тоа ја олеснува работата на општината бидејќи ова министерство располага со доволен број човечки ресурси и соодветна софистицирана опрема со која ќе се врши мониторинг на работата на овие оператори. Со ова очекувам во најскоро време да се открие кој е предизвикувачот на непријатниот мирис во градот, а на кој веќе подолго време се жалат гевгеличани, а на таквиот економски оператор ќе му се укаже да ги превземе сите потребни заштитни мерки да не дозволи ширење на непријатна миризба.
Read 151 times