Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ДЕН НА „СТАРТ - АП БИЗНИСИ“ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА

На Факултетот за туризам и бизнис логистика, денес се одржа ден на Старт - ап бизниси,.На организираната работилница беа презентирани шесте проекти, изработени од студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика, кои беа испратени на конкурсот, кој факултетот го распиша заедно со Центарот за климатски промени од Гевгелија. На овој конкурс, кој траеше до 20 октомври, беа доставени бизнис идеи од 16 студенти, кои имаат за цел унапредување на претприемаштвото и ќе придонесат да се намали невработеноста во областите море, земјоделие, животна средина и информациски технологии. Како што не информираа Цветанка Ристова од Факултетот за туризам и бизнис логистика и Филип Стојановски од Центарот за климатски промени, на оваа работилница, од шесте предложени проекти ќе бидат одбрани три кои подоцна ќе бидат мониторирани и доработувани од страна на стручни лица. Конкурсот се организира во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис во море, животна средина, земјоделие и ИТ во прекуграничниот регион“, финансиран од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција.
Read 90 times