Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

СО МУРАЛ ФАСАДИТЕ НА ЗГРАДИТЕ СТАНУВААТ ПОУБАВИ

Честопати уметноста ги проширува своите граници надвор од класичното платно. Тоа го прави со скулптурите, со замоците на плажите. Еден таков вид уметност се и уличните мурали. Огромното празно сивило на зградите претставува платно за урбан уметник или група уметници кои наместо да се плашат од големината, решаваат да ѝ пркосат. Еден таков мурал деновиве се изработува во Гевгелија, на зградата во средината на градското шеталиште. Идеен автор на овој проект е гевгелискиот уметник Миле Ничевски, кој заедно со уметникот од Скопје, Милош Стојановиќ вредно работат ова дело да биде готово за општинскиот празник- 7-ми Ноември. „Се работи за композиција наречена „Бакнеж“ (Кiss), објаснува уметникот Ничевски, дело селектирано од комисијата при Министерството за култура на Република Македонија во склоп на манифестацијата „Топол културен бран“. Тоа е мој заеднички проект заедно со „Арт еквилибриум“, кои се организатори на веќе етаблираниот арт фестивал „Бош“. Истата оваа композиција, односно цртеж беше на насловната страна на најпознатото македонско авангардно списание „Маргина“, како и на плакатите и картичките од мојата самостојна изложба на цртежи во Белград. Се работи за дел од трилогија во која е замислено да се реализират мурали уште во три други града во Македонија, Струга, Битола и Скопје, градови кои имаат арт фестивали.“ Инаку, се работи за спој на два контраста, детската наивност и невиност и рок агресивноста на групата „Кис“. Авторот, Миле Ничевски, покрај со сликарство, се занимава и со изработка на графика, цртеж, стрип, театарска режија и дизајн. Магистрант е на Визуелни комуникации при Европскиот универзитет, постдипломец во Париз и поранешен директор на Домот на културата во Гевгелија.
Read 173 times