Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ВО ГЕВГЕЛИЈА НЕМА НЕЗАПИШАНИ ПРВАЧИЊА ПОРАДИ НЕВАКЦИНИРАНОСТ ОД МОРБИЛИ

На последната прес конференција, на нашето прашање околу тоа дали во Гевгелија има случаи на незапишани ученици во прво одделение поради тоа што не се вакцинирани од мали сипаници, градоначалникот Сашо Поцков го даде следниот одговор „ Според моите сознанија добиени од основните училишта, во Гевгелија нема незапишани ученици во прво одделение поради тоа што не биле вакцинирани од морбили. Значи, не остана дете кое не е запишано во прво одделение, што е добро, бидејќи знаеме сите дека основното образование е задолжително. Сакам да напоменам дека има само намалување на бројката на запишани првачиња, тоа се 50, кои, според возраста требаше да тргнат во училиште, но поради тоа што нивните родители се на привремена работа во странство, не се запишани во основните училишта во општина Гевгелија.“ Инаку, купно во четирите основни училишта во општина Гевгелија во прво одделение во учебната 2019/2020 година се запишани 200 првачиња. Инаку, на ниво на Република Македонија, околу 200 првачиња не се запишани во училиште зошто не биле вакцинирани. Ова се првичните податоци кои досега ги обработиле просветните инспектори. Министерот Адеми изјави дека бројката на деца кои не следат настава зошто немале уреден вакцинален картон можеби е и поголема, а решение за незапишаните ќе бараат на Владина седница.
Read 118 times