Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ВОЛШЕБНО ПАТУВАЊЕ НИЗ СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ

Денес во Гевгелија, во просториите на Едукативниот центар „Волшебна наука“ , се одржа правата работилница од областа на астрономијата со наслов „Патување низ Сончевиот систем“. Работилницата беше наменета за деца од 5 до 10 годишна возраст и на неа присуствуваа 15 деца. Според зборовите на раководителот на центарот Адријана Тодорова, ваквите работилници имаат за цел да ги запознат децата со планетите од Сончевиот систем преку содржини прилагодени на нивната возраст. Водачи на денешното волшебно патување беа цртаните ликови Ѕвездан и Ѕвездана, кои, вели Тодорова, веднаш им станаа омилени на дечињата. Во учењето на планетите и нивните карактеристики, децата добиваа и математички задачи, со што ја согледаа и универзалноста на математиката. Секое дете доби материјали во кои требаше да ги преознае планетите , да ги подреди и да изработи Сончев систем. За да го направат тоа мораа да се потрудат да ги научат планетите, а исто така овде дојде до израз и креативноста на учениците. За крај направија виртуелна прошетка низ Сончевиот систем преку апликација и очила за виртуелна реалност . Децата беа дел од активностите без разлика на возраста и активно учествуваа во сите активности. Склоп од игра, наука, реалност и виртуелна реалност.
Read 314 times