Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ГЕВГЕЛИЧАНИ ДОНИРААТ ХРАНА ВО АКЦИЈАТА „НАХРАНИ 10.000“

Во организација на Асоцијацијата „Сите Сити“ денес во Гевгелија се одвива четвртата хуманитарна Национална акција „Нахрани 10.000“. Акцијатата ја спроведуваат волонтери од Американскиот мировен корпус и Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија. Според зборовите на секретарот на Општинската организација на Црврниот крст Гевгелија, Младен Бундов, голем број на граѓани и фирми од Гевгелија донираат прехрамбени производи на штандот кој во времето од 10 до 18 часот е поставен на градското шеталиште во близина на супермаркетот „Кит-Го„во центарот на градот. Собраната храна, потенцираше Бундов, ќе им биде доставена на социјално загрозените семејства во општината, од страна на волонтерите на Црвениот крст од Гевгелија. Освен во Гевгелија, акцијата „Сите сити“ се одвива и во Скопје, Велес, Битола, Штип и Кочани. Според Државниот завод за статистика, во државава проблем да обезбедат храна имаат 445.099 луѓе кои во просек имаат по еден оброк дневно.
Read 302 times