Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ПРОФЕСОР ОД КАВАДАРЦИ ИЗМИСЛИ ПАМЕТНИ КАНТИ ЗА ОТПАД

Патентот „паметни канти" изработени од кавадаречка фирма „Интерактивна иднина , во која управител е проф. д-р Димитрија Ангелков, доктор на науки, професор во Електро машинското училиште во Кавадарци, освои златен медал на саемот за иновации Иновамак 2019. Паметните канти, веќе од оваа година се произведуваат и дистрибуираат по училишта и градинки. „Проектот е едукативен, забавен, еколошки и со најниска цена на чинење во светот, од само 200 евра по канта. Иновацијата се состои во тоа што го решава проблемот со враќањето на пластичните, стаклени и метални шишиња за рециклирање. Во нашата земја речиси секое петто шише се враќа за рециклирање, додека останатите четири завршуваат во реките, езерата, почвата и морињата“, рече тој. На паметната канта има дисплеј на кој се генерира код кој го внесувате на веб страницата заедно со вашиот мобилен број и така добивате поен. Кога ќе соберете доволно поени добивате СМС и награда од дел од парите кои се добиле од продажбата на шишињата. Системот е одржлив и преку награди ги мотивира луѓето да ги користат овие канти. Трите модели на паметни канти примаат само отпад предвиден за тоа. „Пример, доколку во кантата која прима само стаклени шишиња пробате да фрлите пластично шише, ќе ви даде коментар дека не прима таков отпад и да одите во другата да го фрлите, која е предвидена за тоа. Целиот систем функционира самостојно, затоа што соларниот панел генерира доволно енергија да работи целиот механизам и електроника. Паметните канти имаа говорен автомат за лица со посебни потребни да може да ги користат. Кантите работат независно без додатна енергија и се екстремно безбедни, невозможно е некој физички да се повреди од нив. Кантите имаат вграден филтер за воздух и на нив можат да се полнат мобилни телефони. Доколку се спојат две канти со три даски, се добива и клупа за седење.
Read 131 times