Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ЕКС – ВРАБОТЕНИ ВО АД „ТИПО“ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ

Работеле 35 години, а сега земаат социјални пензии. Вработените во фабриката во стечај „Типо“ бараат правда веќе 14 години. Со барање да им се исплати нивниот труд, излегоа пред Основниот суд, Скопје 2, за да го искажат револтот. АД-Типо Скопје, на вработените не им ги исплатил придонесите, а пет и пол години не добиле ниту плата. Откако фабриката заминала под стечај и продала дел од сопственоста, нивниот стаж се плаќал, но со минимална ставка. Кога прогласила стечај, фабриката броела околу 600 вработени. Во текот на последните 14 години барајќи ги нивните права, 200 од вработените веќе починале и не дочекале неправдата кон нив да биде исправена. Тие бараат од Основниот Суд-Скопје и од судиите да им се исплати стажот согласно платите што ги земале. Поранешните вработени велат дека имале и акции во компанијата, но на крајот останале и без нив. Доколку нема позитивен исход, тие најавуваат протести на поранешните вработени пред Владата и меѓународна арбитража. Побарувања од АД „Типо“ имаат околу 600 поранешни вработени, меѓу кои е и нашата сограѓанка Ангелина Мијова. Од нив 200 се починати и права за нив бараат нивните наследници. Бараат преглед на постапките за двете управни згради и магацински простор во Скопје, поранешни стоковни куќи во Гевгелија и во Радовиш и одморалиште во Охрид.
Read 273 times