Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ГЕВГЕЛИСКИ ПЧЕЛАРИ НА ФЕСТИВАЛ НА МЕДОТ ВО ТЕТОВО

Игор Илков, Кристијан Алчинов, Бранко Анастасов од Гевгелија и Лујза Богатинова и Мите Марков од Богданци ќе учествуваат на Меѓународниот натпревар за квалитет на мед во Тетово, што ќе се одржи на крајот од октомври, Изминатиот викенд во Тетово стручна комисија од четворица дегустатори изврши проценка на седум органолептички парамери за квалитетот на медот на пристигнатите примероци мед. Се тестираа 250 примероци на мед од вкупно 15 земји. Комисијата ја предводи Слободан Јефтиќ, меѓународен судија од Србија, Овој натпревар го организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“. Во текот на наредните денови ќе се спроведе и втората фаза за бодување на примероците мед преку хемиска анализа. Сите учесници ќе добијат бодови и рангирање кое ќе биде познато на денот на одржување на натпреварот кога и ќе се претстават производителите. На завршниот дел од натпреварот производителите ќе се претстават во повеќе групи на мед-ливадски, багремов, костенов, медлика и други видови.
Read 265 times Last modified on Wednesday, 09 October 2019 07:05