Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

И ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ДЕТСКАТА НЕДЕЛА

Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика и оваа година ja одбележуваат Детската недела под мотото „Детски права за наше детство!“. Овој ден со разни активности се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври. Во рамките на своите предвидени активности, детските градинки и основните училишта од Гевгелија, се вклучија во одбележувањето на Детската недела. Така, денес, вторник, 8 октомври, Домот на културата од Гевгелија, по повод Детската недела организира претстави за најмладите гевгеличани од детските градинки и за учениците од основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Владо Кантарџиев“. Во Народниот театар со почеток од 10 и од 12 часот, најмладите ќе може да ги погледнат претставите „Царскиот паж“ и „Малиот принц“ кои ги подготви драмското студио „Дон Кихот“ при Домот на културата во Гевгелија. Во рамките на одбележувањето на Детската недела во сите основни училишта во општина Гевгелија се организираат спортски и културни активности, а на сите првооделенци, на пригоден начин и со давање свечена заклетва ќе им бидат врачени училишни книшки, пасоши и беџеви со кои тие ќе станат членови на Детската организација. Со овие активности се испраќа порака дека децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост, и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет, посочуваат организаторите.
Read 207 times