Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „КУЛТУРНА ДИПЛОМАТИЈА НА СФРЈ И ДРЖАВИТЕ НАСЛЕДНИЧКИ“ ОД ДР. ВАСКО ШУТАРОВ

Утре, среда, 9 октомври, во хотелот „Аполонија“ , со почеток од 19,30 часот, ќе биде промовирана книгата на нашиот сограѓанин, доктор Васко Шутаров, „Културната дипломатија на СФРЈ и културнитр дипломатии на државите наследнички“. Промотори на ова значајно дело ќе бидат професорот доктор Јован Ананиев и професорката Јадранка Денкова. Книгата е резултат на едно подолго научно истражување и докторска дисертација, но и личен интерес за пронаоѓање одговори на бројни прашања од времето на распаѓањето на поранешна СФРЈ и создавањето нови држави-наследнички. Книгата во најголем дел содржи научни истражувања поврзани со културолошките маркери на зближување но и разијдување на културите на поранешните југословенски републики и покраини, како и актуелните состојби на културолошки план помеѓу новосоздадените држави. Книгата не претендира на една и единствена причина за распадот на Југославија (а ги третира скоро сите најважни), но пледира на исклучително важното влијание што културата го имаше во тие процеси. И од аспект на таквата културолошка опсервација на распадот, оваа книга е една од ретките во научната мисла во државите произлезени од поранешна Југославија....(фрагмент од предговорот на книгата) Васко Шутаров, дипломиран политиколог, е роден 1964 година, а покрај истражувањата во библиотеки, архиви и дневен печат,овој негов труд е резултат и од искуството на поранешен претседател на Комисијата за култура во Собранието на РМ и поранешен директор на Културно-информативниот центар на РМ во Софија.
Read 179 times