Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

СЕ ОДРЖА МЕМОРИЈАЛОТ „ДИМИТАР КАНГОВ-КАНГАТА 2019“

И оваа година членовите на ЗПСК „Кожуф“, заедно со општина Гевгелија, успешно го организираа традиционалниот 15-ти Меморијал "Димитар Кангов - Кангата" 2019 . И оваа година тој се одржа со искачување на највисокиот врв на Кожуф врвот Зелен Брег, висок 2166м. Овој меморијал се организира во чест на н долгогодишен член на овој планинарски клуб, Димитар Кангов - Кангата, кој пред повеќе од 15 години го остави својот живот на Кожуф планина при обид за искачување на врвот Ѕена од грчка страна. На меморијалот учествуваа 180 планинари, љубители на природата и осумдесеттина ученици од основните училишта Крсте Мисирков,, Владо Кантарџиев, Климент Охридски од Гевгелија, како и од основното училиште Кирил и Методиј од Стојаково. На падините на Кожуф се најдоа исто така и ученици од Средните општински училишта Јосиф Јосифовски од Гевгелија и Богданци од Богданци. Со свои членови, на меморијалот зедоа учество планинари од планинарските друштва Серта Неготино, Фри Хајкерси Неготино, Јаглика Неготино, Ентузијаст Струмица, Бистра Скопје. Green Power Велес и Сосна Берово. Маршутата на меморијалот водеше од Алчак (Шутка) 1600м.н.в.- Таблата - Марково езеро 2035м.н.в. - врв Зелен брег 2166м.н.в. Должина во еден правец на маршутата беше 7,3км. со висинска разлика од 660м. Учесниците на меморијалот положија цвеќе на спомен плочата на Димитар Кангов, а исто така се доделија благодарници за учество на меморијалот на планинарските Друштва и Клубови
Read 83 times